Search

Верстапен ќе започне од првата позиција за прв пат во својата кариера

Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен ги освои квалификациите за Гран-при во Унгарија на патеката „Хунгароринг”. 21-годишниот Холанѓанец го сврте својот најдобар круг за 1:14.572 минути и го надмина за само 18 илјадити делови од секундата Валтери Ботас од екипата на Мерцедес.

Светскиот шампион Луис Хамилтон заврши на третото место.

За Макс Верстапен ова е прва пол-позиција во неговата кариера, иако тој има седум директни победи.

Тој стана пилот број 100 во историјата на Формула 1, кој ги освоил квалификациите.

Формула 1. Гран при на Унгарија. Квалификации:

1. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1: 14.572
2. Валтери Ботас (Мерцедес) – +0.018
3. Луис Хамилтон (Мерцедес) – +0.197
4. Шарл Леклер (Ферари) – +0.471
5. Себастијан Фетел (Ферари) – +0.499
6. Пјер Гусли (Ред Бул) – +878
7. Ландо Норис (Мекларен) – +1.228
8. Карлос Сајнц (Мекларен) – +1.280
9. Ромен Грожан (Хаас) – +1.441
10. Кими Раиконен (Алфа Ромео) – +1.469

Треба да знаете
Последни објави