Search

Верстапен ја користи казната, со нов мотор ќе тргне последен во Сочи

Овој викенд се вози трката за Големата награда на Русија, а на првиот тренинг најбрз беше Валтери Ботас од Мерцедес, по што следеше неговиот колега Луис Хамилтон, додека во топ-3 заврши Макс Верстапен.

Меѓутоа, откако заврши тренингот, Ред Бул реши да направи промена на болидот на Верстапен и да го промени моторот, а поради тоа ќе мора возачот да тргне од последната позиција на трката без разлика каков резултат ќе има во квалификациите.

Холнаѓенцот за оваа трка требаше да отслужи казна од три места поради инцидентот со Луис Хамилтон на трката на „Монца“, но Ред Бул се одлучи да го искористи овој момент на дополнителен начин.

Треба да знаете
Последни објави