Search

Верстапен со победа во Абу Даби ја запечати втората титула светски шампион во Формула 1

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Абу Даби.

Втор на целта мина Шарл Леклер од Ферари со 8,771 секудни заостанување зад победникот.

Трет трката ја заврши Серхио Перез од Ред Бул кој доцнеше 10,093 секунди зад својот клупски колега.

Со трката во Абу Даби заврши сезоната 2022 во Формула 1.

Воедно, ова беше последната трка во кариерата за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел кој дене сго освои 10. место.

Од поодамна титулата светски шампион ја обезбеди Верстапен, втор пат по ред го освои трофејот. Вицешампионското место е за Леклер, негово најголемо достигнување во Ф1. Во 2019 година, возачот од Монако беше четврти на крајот на сезоната.
Трет во генералниот пласман е Сергио Перез.

Треба да знаете
Последни објави