Search

Верските лидери во Словенија ги повика верниците дома да го празнуваат Велигден

Лидерите на католичката, православната и евангелистичката црква во Словенија ги повикаа верниците да останат дома за време на Велигденските празници, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Tие се обратија до своите верници и побараа за време на празниците своите домови да ги направат во мали цркви, а со тоа ќе помогнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Црквите во Словенија се празни уште од почетокот на март, кога беше решено да се забрани собирање на повеќе луѓе на едно место со цел да се спречи ширењето на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави