Search

Венецуелски генерал: Време е да се кренеме на востание против Мадуро

Венецуелски генерал ги повика вооружените сили на таа јужноамериканска земја да се кренат против претседателот Николас Мадуро.

Рамон Ранхел, претставувајќи се како генерал на воздухопловните сили, рече дека венецуелската Влада е контролирана од „комунистичката диктатура” на Куба, клучен сојузник на Мадуро.

-Треба да најдеме начин да го надминеме стравот, да излеземе на улица, да протестираме и да побараме воено обединување, за да го промениме овој политички систем, вели Ранхел во видео објавено на каналот „Јутјуб”.

-Време е да се кренема на востание, додава тој.

Американски медиуми коментираат дека е мала веројатноста овој повик да ги помести теговите на вагата. Други офицери, кои се откажаа од Мадуро, избегаа од земјата, а военото раководство продолжува да го поддржува Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави