Search

Венецуела ја затвора границата со Бразил

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе ја затвори границата со Бразил како резултат на зголемените тензии околу испораките на странска помош. Претседателот, исто така, размислува за затворање на границата со Колумбија, со што би се изолирал поголемиот дел од внатрешноста на Венецуела.

Во телевизискиот говор во четвртокот, Мадуро го објави затворањето на границата во Бразил и предупреди да не се прават обиди за внесување хуманитарна помош во Венецуела на сила.

„Не сакам да донесам таква одлука, но го разгледувам тоа – апсолутно затворање на границата со Колумбија“, рече тој. „Ги презедовме сите мерки за сè да биде мирно“, додаде тој.

Странската помош моментално се собира во Бразил и во Колумбија, на барање на опозицискиот лидер и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо. Иако минатата година Мадуро ја прифати помошта од Обединетите нации, тој се спротивстави на новите пратки хуманитарна помош, велејќи дека кампањата за помош на опозицијата е „провокација“.

Венецуела веќе ги затвори своите воздушни и поморски граници со Куракао, како и островите Аруба и Бонаир, од каде што Гуаидо, исто така, очекуваше хуманитарна помош.

Иако тој рече дека сабота е крајниот рок за примање на помошта, војската на Венецуела е лојална на претседателот Мадуро и ги блокира сите премини што водат до границите. Гуаидо е на пат кон граничниот колумбиски град Кукута, каде што неколку пратки американска помош чекаат да бидат пренесени во Венецуела.

Обединетите нации и Црвениот крст го критикуваа политизирањето на хуманитарната помош.

Треба да знаете
Последни објави