Search

Венецуела продала три тони злато

Инвестициската компанија од Абу Даби „Noor Capital“ потврди дека на 21 јануари купила три тони злато од Централната банка на Венецуела.

Инвестициониот фонд соопшти дека во наредниот период ќе се воздржи од нови трансакции, додека ситуацијата во Венецуела не се стабилизира, објави Б92.

Во земајата веќе извесен период има масовни и насилни протести против претседателот Николас Мадуро, а пред неколку дена претседателот на Собранието и лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо себе си се прогласи за привремен  претседател  на Венецуела.

Агенциите од целиот свет претходно објавија дека Венецуела има намера да продаде 15 тони злато на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во наредните денови од резервите на Венецуела во Централна банка, кои би биле платени во евра.

Минатата година, Венецуела извршила извоз на злато во вредност од 900 милиони долари за Турција.

Треба да знаете
Последни објави