Search

Венецуела постави Гинисов рекорд со најголем оркестар во светот

Венецуелскиот националen состав оркестри на млади и деца – познат како „Ел система“ – го собори Гинисовиот рекорд за најголем оркестар во светот, објави во саботата владата во Каракас.

Пред една недела, 8.573 венецуелски музичари учествуваа во изведба на класична композиција која траеше повеќе од пет минути, во обид да го урнат рекордот поставен од рускиот оркестар пред две години.

Венецуелскиот министер за информации Фреди Нанез и рускиот амбасадор во Каракас Сергеј Мелик-Багдасаров им честитаа на музичарите во саботата во говор на државната телевизија.

Експертка за Гинисова книга на рекорди Сузана Рејес потврди дека венецуелските музичари успешно поставиле нов рекорд, откако го изведоа Marche slave (Словенски марш) на Пјотр Илич Чајковски.

Претседателот Николас Мадуро покажа сертификат на Гинисовата книга на рекорди, со кој се потврдува дека „Ел система“ со 8573 музичари во оркестарот го собори рекордот.

Претходниот рекорд го држеше оркестар од Санкт Петербург со 8097 музичари.

Треба да знаете
Последни објави