Search

Венецуела остро го осуди мешањето на Трамп во нивните внатрешни работи

Венцуела денеска остро го осуди мешањето на американскиот претседател Доналд Трамп во внатрешните работи на оваа јужноамериканска држава.

Во соопштението на Амбасадата на Венецуела, официјален Каракас смета дека зборовите што се однесуваат на нивната земја, а ги изговори американскиот претседател во своето годишно обраќање пред Конгресот, „е интервенционистичка изјава и непристојно мешање” во внатрешните работи на една земја.

Во соопштението се наведува и дека Трамп не го почитува и го навредува венецуелскиот народ, упатувајчи насилни закани за неговиот интегритет и легитимната влада на Николас Мадуро, што е избрана со согласност со Уставот.

Амбасадата, исто така, порача дека само народот на Венецуела може да одлчучува за својата иднина.

Треба да знаете
Последни објави