Search

Венецуела и Куба со жестока критика за САД на Генералното собрание на ОН

Венецуелскиот претседател , Николас Мадуро, кого истражителите на ОН го обвинуваат дека е одговорен за „злосторства против човештвото”, вчера го повика светот да се бори против „хегемонијата” и „империјалистичките идеи”.

Критикувајќи го „светот на хегемонијата и империјализмот” во својата видео порака на виртуелниот самит на 75-то Генерално собрание на ОН, Мадуро истакна дека светот мора да биде „обединет во борбата против пандемијата”.

-Венецуела е посветена на мултиполарниот свет, на обновениот систем на ОН, на системот што знае како да го спроведува меѓународното право и да ги штити народите во светот, рече тој, критикувајќи ги нападите на САД врз Светската здравствена организација, не именувајќи ги токму нив.

„Сега не е време да се навредува и заканува СЗО, сега е време да се обединиме за негово добро”, рече тој.

-Светот беше поразен од фашизмот пред 75 години. Светот ќе ги победи и оние кои сакаат да наметнат хегемонија и империјалистички идеи, светот ќе го победи неофашизмот (…) и ќе изгради нов свет без хегемонија, свет што ќе му припаѓа на народот, рече претседателот на Венецуела, на кого легитимитетот не му го признаваат многу земји од светот.

Предвидено е Никола Мадуро утре  повторно да одржи виртуелен говор во ОН по повод годишното заседание на Генералното собрание, на кое тој не е физички присутен од 2018 година.

 

Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез Парила, исто така, во својата видео порака настапи со критика за САД.

-На оваа 75-годишнина од ОН, мултилатерализмот и меѓународното право се загрозени од најголемите светски сили. Неодговорното однесување на САД е најголема закана за мирот и меѓународната безбедност, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави