Search

Венецуела : Владата побара од француската Амбасада во Каракас да им го предаде опозиционерот Хуан Гуаидо

 Венцуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаза, ги потврди гласините дека Хуан Гуаидо, кој се самопрогласи за претседател на земјата, се крие во француската Амбасада во Каракас е дека треба да му биде предаден на домашниот правосуден систем.

-Се надевам дека овие влади (на Шпанија и Франција) ќе постапат правилно, почитувајќи ги законите на државата која ги прифатила, во случајов Венецуела, изјави Ареаза во интервјку за радио „Јунион”.

Според министерот, Гуаидо е директен учесник во операцијата „Гедеон”или  обидот за поморска инвазија со цел да се убие претседателот Николас Мадуро, па затоа  „ е должен да се појави пред венецуелското правосудство и народот на Венецуела”.

Зборувајќи за шпанската Амбасада  Ареаза го посочи Леополдо Лопес, кој се  криел таму и кој ,според некои извештаи, ја иницирал операцијата „Гедеон”. Според шефот на дипломатијата тој и натаму учествува во заговор против сегашната влада, додека се наоѓа на територијата на дипломатската мисија.

Пред неколку дена Мадуро на неколку пати го спомена Гуаидо како „бегалец од правдата”, што ги појави гласините за неговото можно бегство и обиди да добие азил во трета земја.

На почетокот на мај венецуелскиот министер за внатрешни работи, Нестор Реверол, изјави дека тие го спречиле военопоморскиот упад на колумбиските борци од државата Ла Гваира. Мадуро забележа дека цел на нападот била неговата смрт. Според Министерството за внатрешни работи, борците се обиделе да упаднат во земјата со моторни чамци. Претседателот на уставотворното собрание Диосдадо Кабељо изјави дека во пресметката биле убиени осум напаѓачи.

Во обидот за преврат ввластите уапсија 31 лице за учество во атентатот, меѓу кои и двајца американски државјани, кои Мадуро ги нарече „личната заштита на Доналд Трамп”. Самиот Трамп кажа дека нема нивно заедничко со инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави