Search

Венецијанска комисија: Нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија е во полза на Владата

Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио оцени дека од вакуумот со нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија, полза има албанската Влада.

– Уставните судови мора да бидат независни за да го заштитат владеењето на правото. Политичарите се склони да ги напаѓаат овие судови кога не им се допаѓа судењето. Во моментов, Албанија нема функционален Уставен суд. Ова резултираше со ситуација кога неуставни закони, од кои профитира Владата, се усвоени без можност за жалба, на штета на земјата и на владеењето на правото, изјави Букикио.

Тој смета дека владеењето на правото треба да биде „клучен елемент” за да се одлучи дали некоја земја ќе биде примена во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави