Search

Венецискиот суд привремено забрани на Лувр да му се позајми „Витрувијaнски човек“ од Да Винчи

Управниот суд во Венеција привремено  забрани на Лувр да му се позајми „Витрувијански човек“ од Леонардо да Винчи за изложба што треба да биде отворена во текот на овој месец.

Одлуката следувала по протестирањето на непрофитната групација „Италија ностра“ да се позајми познатиот цртеж на Да Винчи од галеријата „Академија“ во Венеција.

Конечната одлука за позајмувањето ќе биде донесена на 16 октомври.

Кампањата на „Италија ностра“ за заштита на италијанското културно богатство имала аргумент дека такво важно ремек-дело не треба да ја напушта Италија.

Министерството за култура ја нарече одлуката „неразбирлива“.

Министерот за култура Дарио Франческини потпишал меморандум во септември, според кој сликата се позајмува на Лувр во замена за дело од Рафаел за изложба по повод 500-годишнината од неговата смрт следната година во Рим.

Треба да знаете
Последни објави