Search

Венгер призна дека е заинтересиран да го преземе Баерн

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, францускиот стратег Арсен Венгер, кој важеше за еден од фаворитите за тренерското место во Баерн Минхен, призна дека е заинтересиран да го наследи Нико Ковач на  клупата кај тимот од „Алијанц арената”.

Ралф Рангник, Ерик Тен Хаг и Томас Тухел веќе се дистанцираа од гласините кои ги испраќаа во Баерн, па Венгер станува сè поистакнат фаворит.

Венгер вчера беше гостин на „БЕИН Спорт” и на прашањето дали е заинтересиран да работи во Баерн, Французинот одговори: „Секако. Тренерството ми беше целиот живот досега. Секој што бил во професијата ќе ти го каже истото. Некои работи ми недостасуваат многу, други не. Но, фудбалските дуели, победите, подготвките, задоволството и споделените емоции – ми недостасува сето тоа”.

Треба да знаете
Последни објави