Search

Венгер не прифатил понуда да биде селектор на Србија

По неуспехот на српската фудбалска репрезентација да се пласира на ЕП-2020, кое ќе се одиржи идната година, во решавачкиот меч со Шкотска кој го загубија на пенали во Белград (1:1- 4:5) владе големо разочарување меѓу фудбаслките луѓе кај северниот сосед. Српските медиуми пренесуваат  дека првиот човек на тамошниот фудбал, Славиша Кокеза сака да ангажира славно име на селекторската позиција. Првичната идеја била Арсен Венгер, поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, за што бил остварен и контакт со Французинот, кој на крајот завршил безуспешно.

-На Кокеза му се допадна идејата на еден од неговите соработници да биде ангажиран странец за селектор, но инсистира на тоа да се доведе големо име што би донело до воодушевување кај јавноста, а нема да се штеди во таа идеа – пренесува „Информер“.

-Венгер е во својата 72 година, одамна помина низ сиот фудбалски врв, а по две години пауза големо е прашањето дали воопшто би бил заинтересиран да се врати како тренер, тој постојано имаше добри коментари за српските фудбалери и репрезентацијата, знае дека имаме млад и перспективен тим, за кој верува дека има место на идниот Мундијал, но љубезно ја одби понудата да не одведе во Катар – додал неименуваниот извор.

Треба да знаете
Последни објави