Search

Венгер е против јануарскиот преоден рок

Директорот за фудбалски развој во ФИФА, Арсен Венгер, верува дека не треба да има преоден рок во јануари.

– Јас сум за тоа да се отстрани јануарскиот преоден рок. Тренерите не се справуваат добро со овој трансфер период. Во октомври, веднаш штом одреден играч не игра, тој веќе се обидува да најде нов тим и чека да замине во јануари. Тој повеќе не е мобилизиран и се предава. Кога ќе направите грешка, играчот страда исто колку и клубот. Мора да ја преземете таа одговорност, изјави Венгер пред „Екип”.

Треба да знаете
Последни објави