Search

Велс воведува двонеделно „затворање”

Велс ќе воведе двонеделно „затворање” (локдаун) во петок и сите освен работниците од суштинските дејности ќе мора да останат дома, со цел подобро справување со брзото ширење на вториот бран на коронавирусот.

Премиерот на Велс, Марк Дрејкфорд рече дека разбира дека луѓето се уморни од ограничувањата, но мерките се неопходни затоа што Одделите за интензивна нега во болниците се веќе пополнети.

– Секој во Велс ќе мора да остане дома, изјави Дрејкфорд пред новинарите. – Ако не дејствуваме сега, ќе продолжи да се забрзува, додаде тој.

„Затворањето” стапува во сила в петок и ќе трае до 9 ноември. Сите, освен суштинските работници, ќе работат од дома.

Малопродажба, угостители, туристички бизниси и верски институции ќе мора да бидат затворени.

Влера во Велс беа евидентирани 950 нови случаи на коронавирус, а на почетокот на октомври изнесуваат по околу 400.

Треба да знаете
Последни објави