Search

Вело родео турнеја низ пет града во земјава

Традиционално, од 16-22 септември се одржува Европската недела на мобилност.
Почнувајќи од 2002 година во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со секојдневните урбани предизвици.
Оваа година, 2118 градови од над 50 држави низ Европа се приклучуваат кон активно одбележување на оваа недела, која се одржува под мотото: „Пешачи со нас“.

Здружението на граѓани- „Еко логик“ почнувајќи од 16, па се со 22 септември ќе организира Вело родео турнеја и тоа во следните градови:

– 16.09 Koчани, 11:30-13:30 часот
– 17.09 Делчево, 12:00-14:00 часот
– 18.09 Неготино, 12:00-14:00 часот
– 19.09 Велес, 11:00-13:00 часот
– 21.09 Скопје, 11:00-14:00 часот

Централниот настан во Скопје, ќе биде исполнет со следните активности: вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.), вело меморија, не лути се човече,  еко квиз, сложувалка, работилница за поправка на велосипед, креативна работилница и други изненадување за најмладите.

Настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици кои имаат желба да возат велосипед, како и активно и едукативно забавуваат. На тој начин, учениците ќе ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед.

Во сите градови, каде ќе биде реализирана Вело родео турнејата, присутните ќе имаат можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.

Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.Настаните Вело Родео имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед. Вело Родео како дел од Вело Училишта е поддржан од Делегација на ЕУ во земјава.

Треба да знаете
Последни објави