Search

Вело Марковски јавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 

„Таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец.
Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски. Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски. Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести.

Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19. Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет.
Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени. Раководството на партијата предводено од Христијан Мицкоски е полно со деструктивни кадри, со поранешни докажани послушници на Груевски. Опозициската партија не е мрдната ниту милиметар од режимската матрица. Со ваква кадровска понуда, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција. Граѓаните не сакаат нечесни, неискрени и деструктивни кадри и тоа го покажаа и на изборите на 15 јули.“

Треба да знаете
Последни објави