Search

„Велоштад“ на Стојановски и Дамјановска е најкрејативниот дизајн за велосипедски паркинг

Проектот  „Велоштад“ на Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација кај Транспортниот центар Скопје. На  јавниот повик кој го објави Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб се пријавија 11 учесници. Целта на „Велоштад“ е создавање нова вело локација во градот, а со проектот покрај паркирање, предвидено е овој плоштад да нуди простор за основен сервис на велосипедот, гардероби за брза промена на облеката, кабини за долговремено стационирање на велосипеди и урбана опрема. Со „Велоштад“ ќе се овозможат 12 држачи за 24 велосипеди, како и шест кабини за заклучување на велосипеди за подолг временски период.

Креаторите на „Велоштад“ се наградени со ваучер од 700 евра и нивното решение ќе помине во фаза на изведба. Вкупниот буџет предвиден за реализација на првонаграденото решение е 11.500 евра, со дополнителна поддршка од 3.000 евра кои се обезбедени за реализација и уредување на локацијата каде ќе биде поставен велосипедскиот паркинг – модул.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура, проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува SmartUp – Social Innovation Lab, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави