Search

Велосипедски марш за чистење на отровниот линдан кај „Охис“

Македонското еколошко друштво и Еко-свест денеска организираат велосипедски марш низ Скопје под мотото „На денешно мени линдан“. Протестот е за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката „Охис“.

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30 часот, а за 18 часот е предвидено пристигнување пред влезот на „Охис“ каде ќе се одржуваат креативни активности.

Како што информира Македонското еколошко друштво, маршот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во „Охис“, што се одржаа во минатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави