Search

Велосипедска трка под мотото ,,НИЕ ЗА НАС” порака за подобра иднина на младината и идните генерации

Дата: 10.10.2019 (четврток)
Место: Ул. Христо Батанџиев ( Игралиште Ѓорче Петров)
Почеток на велосипедската трка: 10:00 часо
т

Во пресрет на празникот 11 октомври, Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, во насока на подигнување на свеста кај младите за важноста од водење здрав живот, спортување, грижа за животната средина и околината, како и културата на нашата земја, Општина Ѓорче Петров, организира манифестација и  велосипедска трка под мотото НИЕ ЗА НАС. На Велосипедската трка ќе учествуваа ученици од основните и средни училишта во општина Ѓорче Петров.

За подобра иднина за младите и идните генерации, потребно е да се почне од малите нешта, токму затоа манифестацијата НИЕ ЗА НАС, се организира пред големиот празник 11 октомври како симболка за поттикнување на добрите дела за силна, модерна и европска Македонија.

Манифестацијата ќе бидe придружена со организација на културен настан на играорци и  пејачи со почеток во 17:00 Ул. Христо Батанџиев ( Игралиште Ѓорче Петров) и ќе трае до 21:00 часот. Настанот е со поддршка на компаниите СТEП Маркет и Митковски ММ.

Треба да знаете
Последни објави