Search

Велосипедист налетал на Хан и му се заканил дека ќе му удри шлаканица

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, имаше непријатно искуство во Виена, кога еден велосипедист најпрво налетал на него, а потоа му се заканил дека ќе го удри со шлаканица.

Според виенски „Курир“, велосипедистот му се заканил на Хан дека ќе го плесне по расправија што се случла во време кога еврокомесарот со партнерката, Сузан Рис Пасер, шетал низ центарот на градот.

Инцидентот се случил во близина на катедралата Штефансдом, кога велосипедистот влетал со голема брзина во група пешаци, вклучувајќи ги и Хан со неговата партнерка.

Хан изјавил дека велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а бидејќи во тие моменти го турнал, европскиот комесар му рекол дека не може така да се однесува и дека тоа не е место за диво возење на велосипед.

Ситуацијата потоа ескалирала, а велосипедист се вратил и на Хан му се заканил со зборовите: „Ќе добиеш шлаканица и тоа веднаш“.

„Курир“ пишува дека изјавите на очевидците во врска со овој настан се разликуваат.

Некои сведоци за весникот изјавиле дека Хан и велосипедистот си размениле навреди, па дури имало и кошкање.

Исто така во целото превирање учествувала и партнерката на Хан.

Хан тврди дека од нападот на велосипедистот се одбранил со рака, за да се заштити.

Тој вели дека велосипедистот дивеел со возењето, а учеството на неговата партнерка се свело само на тоа што од него побарала да продолжи понатаму.

Сузан Рис, кој е шефица на австриското осигурување „Вистенрот“, рече дека целиот настан не траел ниту две минути, и верува дека приказната стигнала до медиумите само за да му нанесе штета на угледот на Хан и на неговите шанси во уште еден мандат да биде европски комесар

Треба да знаете
Последни објави