Search

Велосипедистка тешко повреден по судир со мопед

Велосипедист бил тешко повреден откако се судрил со мопед, вчера во Велес. Во сообраќајната несреќа што се случила во 17.30 часот кај на улицата Димитар Влахов кај железничкиот мост, полесно биле повредени возачот на мопедот и сопатничката.

Според полицијата, во сообраќајката учествувале мопед „априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „крос“, управуван од Н.М. (50) од Велес.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила Н.М. Возачот на мопедот и сопатничката Д.Т. биле полесно повредени.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Велес.

 

Треба да знаете
Последни објави