Search

Велкоски и Сараево морале да играат против шест фудбалери заразени со Ковид-19

Голем скандал деновиве го тресе босанскиот фудбал, откако тимот на Широки бил приморан да го одигра мечот против Сарајево (0-2) иако до тој момент имале дури 12 фудбалери позитивни на коронавирусот и само 13 играчи кои во тој момент можеле да настапат.

Челниците на фудбалскиот сојуз на БиХ не им ја прифатиле молбата за одложување, поради што Широки морал да истрча на теренот и тоа со дури шестмина кои веќе утредента пројавиле симптоми на Ковид-19.

„Покрај 12-те фудбалери кои претходно имаа симптоми и беа ставени во изолација, денешното тестирање потврди дека уште дури шест играчи кои настапија на дуелот со Сарајево и еден член на стручниот штаб се позитивни на коронавирусот. Се плашевме од вакво сценарио и затоа побаравме одложување, бидејќи не е во прашање само Широки туку и нашиот противник и официјалните лица. Животите треба да се над сѐ“, се вели во соопштението на овој клуб.

 

Треба да знаете
Последни објави