Search

Велковски ја игра последната сезона во Риека

Од 2018 година Дарко Велковски ги бранеше боите на Риека со која успеа двапати да го освои Купот на Хрватска.

Македонскиот 26-годишен репрезентативец според тамошните медиуми ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона кога му истекува договорот.

Пред да се пресели во хрватската лига, во нашата земја централниот бек ги бранеше боите на Работнички и Вардар.

Хрватите информираат дека и покрај големиот потенцијал и несомнено фудбалско знаење, Велковски со своите осцилации во играта, од најдобар дефанзивец стана најголем трагичар. Очигледно не успеа да ги задоволи вкусовите на претседателот на клубот Дамир Мишковиќ за да остане член на „белите“.

Исто така, македонскиот дефанзивец често се повредуваше, особено во првите години од договорот, па не чуди што во четири сезони запиша „само“ 75 натпревари за Риека, со два гола и две асистенции.

Доколку во Риека беше барем половина од нивото и константата што ги имаше во репрезентацијата на Македонија, денеска ќе беше најдобриот одбранбен играч во Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави