Search

Велковски го менува Серафимов во репрезентацијата

Данило Брестовац направи промена во списокот со ракометари кои ги планира за ЕХФ-неделата во ноември.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација реши да го врати во првиот тим десниот бек Мартин Велковски, кој годинава настапува за Еурофарм работник. Екс ракометарот на Металург ќе го замени Мартин Серафимов, кој е повреден. И самиот Велковски долго влечеше повреда, но веќе одигранеколку дуели во СЕХА и ЛШ за битолскиот тим.

ЕХФ-неделата трае од 21 до 27 октомври, а во тој период Северна Македонија ќе одигра пријателски средби против Турција, Грузија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави