Search

Велика Британија ќе воведе построги казни за терористите

Велика Британија ќе воведе построги пресуди за терористите и нема предвреме да ослободува лица осудени за тероризам, соопшти британската Влада.

Премиерот Борис Џонсон вети законски измени по нападот во близина на Лондонскито мост во ноември минатата година. Напаѓачот беше Осман Јан, предвреме ослободен од затвор, поради тероризам.

– Со новиот предлог закон предвидено е најопасните терористи да ја отслужат целата казна. Предлог законот гарантира дека осудените за најтешки дела ќе поминат минимум 14 години во затвор, се наведува во соопштението од британското Министерство за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави