Search

Велика Британија следната недела почнува вакцинација против коронавирусот

Велика Британија следната недела ќе почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19 со вакцината на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој за Скај Њуз истакна дека станува збор за „фантастична вест”.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Вајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Треба да знаете
Последни објави