Search

Велика Британија размислува да се повлече од Врховниот суд во Хонгконг

Властите на Велика Британија размислуваат да ги повлечат своите судии од Врховниот суд во Хонгконг, бидејќи Кина продолжува да ги крши своите меѓународни обврски на таа територија, изјави шефот на британската дипломатија, Доминик Раб.

Велика Британија, која владееше со Хонгконг повеќе од 150 години, сè додека градот не се врати во надлежност на Кина во 1997 година, предупредува дека новиот закон за безбедност, што официјален Пекинг го наметна на Хонгконг на 30 јуни, ја крши заедничката кинеско-британска декларација која го трасираше патот за враќање на Хонгконг на Кина, објави „Ројтерс“.

Официјален Лондон се спротивстави и на воведувањето нови правила наметнати од Пекинг со кои се дисквалификуваат избраните законодавци на Хонгконг и се врши одмазда на извршната власт над политичката опозиција и неистомислениците.

„Овој период од историјата на Хонгконг, по враќањето на таа територија во Кина, е извор на најголемата загриженост“, напишал Раб во предговорот на најновиот, редовен шестмесечен извештај за Хонконг.

Раб најави дека ќе разговара со лордот Рид, претседателот на Врховниот суд на Велика Британија, дали е соодветно британските судии да останат на позициите привремени судии на Врховниот апелационен суд во Хонгконг.

Треба да знаете
Последни објави