Search

Велика Британија има проблем со тестирањето на граѓаните

Британскиот министер за здравство, Едвард Аргар, предупреди на тешкотиите при спроведувањето на тестовите за Ковид-19 во Велика Британија и повика на почитување на мерките со цел да се избегне ново затворање на земјата.

Велика Британија се соочува со тешкотии во спроведувањето на тестови за Ковид-19 поради недостиг на лабораториски капацитет, додаде министерот Едвард Аргар.

„Капацитетот на лабораторијата е еден од тесните грла или еден од предизвиците за значително зголемување на тој капацитет“, изјави Аргар за „Скај њуз“, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија може да избегне понатамошни локални ограничувања и уште едно национално заклучување со придржување кон правилата како што се состаноци во групи до шест лица, изјави Аргар.

„Пораката е многу јасна ако се држиме до тоа (правилото шест), ако се држиме до упатствата за рацете, лицето и растојанието, можеме да избегнеме понатамошни локални ограничувања, можеме да избегнеме понатамошни национални ограничувања“, изјави Аргар за „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави