Search

Велзниците за дуелот Македонија – Косово се пуштаат во продажба на 2 март

Влезниците за фудбалскиот натпревар Макеоднија – Косово кој ќе се игра на 26 март во Скопје ќе бидат пуштени во продажба на 2 март и ќе чинат по 300 и 400 денари во зависност за кој дел од трибините на арената „Тодор Проевски“ ќе бидат наменети. Продажбата ќе се врши преку мрежата на „МК Тикетс“. Влезниците ќе бидат персонализиран со име и презиме и број на лична карта, по препораките за безбедност на трибините од МВР. Она што е важно за влезниците кои ќе се продаваат во продажните места, не онлајн е што секој ќе мора да се појави лично за да ја купи влезницата. Нема да има опција како до сега еден човек со неколку лични карти да може да купи повеќе влезници.

Mакедонската фудбалска репрезентација против Косово ќе го игра можеби еден од најзначајните натпреаври, кој може да ја донесе само на чекор до историски настап на завршницата од ЕП-2020. Овој натпреавр е полуфинален од новото натпреварување Лигата на нации, кое дава дополнителна шанса за настап на континеталниот собир. Ако Македонија го победи Косово ќе ги игра решавачките 90 минути во финалето со подобриот Грузија – Белорусија. За победникот е обезбеден настап на завршницата од ЕП-2020.

ФФМ очекуваат на мечот против Косово на 26 март (20.45 часот) трибините на арената „Тодор Проески“ да бидат исполнети до последното место.

Треба да знаете
Последни објави