Search

Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот за масовна посета на црквите за Задушница

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​

Треба да знаете
Последни објави