Search

Велешанец паднал од мотор и бил прегазен од камион, во многу тешка состојба префрлен на скопските клиники

Кај игралиштето во населбата Тунел во Велес, утрово, околу 7 часот, 56-годишен велешанец паднал од мотор и притоа бил прегазен од камион, потврдува за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Прва помош на повредениот му дала екипа на Брзата помош која со возило итно го однела во Општата болница во Велес.

Како што информира за МИА, портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, 56-годишен маж бил донесен кај нив со тешки телесни повреди на глава и врат, веднаш бил интубиран и реанимиран и во коматозна состојба околу 8 часот итно бил префрлен на Хирушката клиника во Скопје.

Д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом, информира дека од медицинската екипа на Брза помош  на местото на настанот кај повредениот констатирала тешки телесни повреди на глава и главина. Имобилизиран бил со шансова кравата и во мозочна кома и итно бил транспортиран во Општата болница во Велес.

Од СВР Велес, како што информира Додевски, полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави