Search

Велешанец избоден со нож, итно пренесен во Ургентен центар

Велешанец избоден со нож, итно пренесен во Ургентен центар

Триесет и шест годишниот велешанец П.Н. (36) вчера бил прободен со ноќ во пределот под градниот кош од сограѓанинот З.А. (30).

Инцидентот, како што информираат од полицијата, се случил во ходник од станбена зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес.

-Повредениот П.Н. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави