Search

Велешанец во камион криумчарел 27 мигранти

Велешанецот Д.Р.(31) бил уапсен откако полицијата во неговиот камион пронашла 27 мигранти, вчера во близина на Гевгелија.

Според полицијата, во 18.20  часот на клучката Марвинци, полицајци сопреле камион со кумановски регистарски ознаки и по претресот пронашле 27 мигранти.  Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти.

Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави