Search

Ведро и студено, од среда врнежи и затоплување

Времето денеска ќе биде ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Во Демир Капија има густа магла со хоризонтална видливост од 50 до 100 метри, а слаба магла во Скопската и Струмичката котлина. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе достигне до 7 степени.

Во текот неделата времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта кон среда и во среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Треба да знаете
Последни објави