Search

Веднаш по примањето на наградата, Џокер отишол пред кланица да се бори за животните

Хоакин Феникс (45) доби низа награди за улогата на Џокер во истоимениот филм, а последната е онаа за најдобра машка улога од Американското здружение на филмски актери.

Славниот актер веднаш по церемонијата на доделувањето на наградите се упатил на настан, што, по сè изгледа, многу му значел. Тој се приклучил на групата „Лос Анџелес анимал сејв“ пред фабрика за месни производи (УНИЛАД).

Хоакин и неговите соборци дошле да ги утешат животните подготвени за колење и да протестираат против бруталното постапување со животните.

Феникс е веган веќе четири децении и не е чудно што тој бил присутен на ова бдение, како што е карактеризиран овој собир од активистите за правата на животните.

Месната индустрија извршува терор, луѓето треба да ја дознаат вистината и наша должност е да им ја откриеме, смета познатиот актер.

Џин Дејвис, основачката на „Лос Анџелес анимал сејв“, рекла дека актерот редовно присуствува на нивните бденија во Лос Анџелес и дака ги инспирира активистите за правата на животните во целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави