Search

Вдовицата на Хју Хефнер му оддаде почит на покојниот сопруг три години по неговата смрт

Вдовицата на основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер, Кристал Хефнер, се сеќава на нејзиниот покоен сопруг на третата годишнина од неговата смрт.

Поранешната Плејбој-зајачица се појави на Инстаграм во неделата, и сподели љубовна почит кон основачот на списанието Плејбој, кој почина во неговиот дом во Холмби Хилс, Калифорнија на 91-годишна возраст.

„Три години. Тешко е да се поверува “, започна 34-годишната Кристал во натписот на фотографијата на која стојат еден до друг загрнати.

„Ти благодарам што секогаш беше мојот најголем сојузник, ме научи на дефиницијата за љубезност и направи да се чувствувам исклучително важно и обожавано десет години. Јас ќе бидам засекогаш благодарна.“

Кристал беше во брак со Хју од декември 2012 година сè до неговата смрт на 91-годишна возраст во семптември 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави