Search

ВБА и Брајтон ги поделија бодовите

Брајтон и Вест Бромвич Албион одиграа реми од 1-1 (1-0), во претпоследниот дуел од шестото коло на Премиер лигата.

ВБА и понатаму останува без триумф досега, ова е за нив трето реми во шестиот меч, додека Брајтон го запиша вториот нерешен резултат во низа, па двата тима останаа на 16-то односно 17-то место на табелата, со најава дека ќе ги чека жестока битка за опстанокот.

Пет минути пред полувремето Ливермор си даде автогол за Брајтон да дојде во водство и до седум минути пред крајот домаќините ја имаа победата во рака, ама Карлан Грант погоди за израмнување за да ѝ обезбеди бод на ВБА во скоро израмнетиот меч.

Треба да знаете
Последни објави