Search

Вајли: Не се двоумев да кажам „ДА“, на Македонија“

Кошаркарот на шпанскиот тим, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за тимот на македонската репрезентација која ќе игра на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

Процедурата за неговото добивање македонско државјанство дефинитивно е завршена на време, и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА.

– Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова- изјави Вајли за интернет страницата на КФСМ по доаѓањето во Скопје и денеска се очекува да ги заврши сите неопходни формалности и да добие македонската патна исправа.

Вајли не губи време и слободните „минути“ ги искористи да одработи индивидуален тренинг во СРЦ „Кале. Тој исто така имаше средва и со селекторот Александар тодоров.

– Не сум се сретнал со соиграчите, секако поради овие околности во кои живееме во изминатиот период. Но јас сум личност која лесно се вклопува во секоја средина. Мислам дека брзо ќе воспоставиме добри вибрации со соиграчите. Очекувам и јас и моите соиграчи да го дадеме последниот атом на енергија, да вложиме максимален напор, и да тргнеме во она што од нас се бара – да победуваме – вели „новиот“ Македонец.

Џејкоб Вајли има искуство и од НБА лигата. Во 2017 година, сега веќе новиот Македонец одигра пет средби во дресот на Бруклин нетс. Наредното лето играше и за Далас маверикс во летната лига.Минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а има искуство од играње во Германија и од далечната Австралија.Сезонава Вајли за Гран Канарија просечно реализира по 9.8 поени и 2.3 скока во шпанската „Ендеса“лига.

На претстојниот „балон“ во Талин, македонската кошаркарска репрезентаија ја очекуваат натпревари против Италија (28. ноември), и против Естонија (30 ноември).

Треба да знаете
Последни објави