Search

Вајлдер со бизарно оправдание за поразот од Фјури, му пречел костумот од пред мечот

Поранешниот светски шампион Дионтеј Вајлдер најде бозарно оправдание за поразот од Тајсон Фјури, викендов во Лас Вегас, но воопшто не се сомнева дека ќе има и трет меч со „Кралот на Циганите“.

Покрај тоа што не се согласува со одлуката на помошниот тренер, Марк Брејланд да го прекине дуелот со фрлање пешкир во седмата рунда, Вајлдер сега тврди дека спектакуларниот костум со која влегол во рингот е виновник за неговиот пораз!

-Воопшто не ме повреди, но факт е дека костумот беше премногу тежок. Ги „немав нозете“ уште од самиот почеток, а во третата рунда, тие целосно згаснаа. Многу луѓе ми велат дека виделе дека нешто не е во ред со мене, но морав да се преправам дека сè е во ред. Дадов се од себе, знаев дека ги немам нозете заради таа униформа. Само што ја испробав за прв пат ноќта пред борбата, не мислев дека ќе биде толку тешка. Имаше 18, можеби и повеќе килограми со кацигата и сите батерии. Сакав да му оддадам почит на месецотот на „Black History“. Сакав се да биде одлично, но изгледа дека го ставив тоа пред сè друго, се пожали Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави