Search

Вајлдер од болница: Фјури не се здебели толку за да биде балетан

Тајсон Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако во „мега-пресметка“ славеше со нокаут во 11. рунда над Дионте Вајлдер.

Нетрпеливоста меѓу двајцата боксери продолжи и по завршувањето на борбата. Фјури го нарече Вајлдер идиот, а овој му возврати дека намерно се здебелил за да може да се бори, место да се боксува.

„Дадов се од себе, но не бев доволно добар. Знам многу добро што прави Тајсон на тренинзи. Намерно се здебелува за да може место да се боксува, да се потпира на мене и да се бори. Така искористи да ме победи и вечерва“, изјави Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави