Search

Вајлдер: Нема изговори, победи посилниот

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер го призна поразот по мечот со Британецот Тајсон Фјури.

– Сè е во ред со мене. Ова се случува. Подобриот боксер победи денес. Мојот агол фрли крпа, иако бев подготвен да ја продолжам борбата. Имаше одредени работи пред оваа борба, но што сега да се зборува за тоа. И најдобите губат. Не може да има изговори. Јас само би сакал мојот тим да дозволеше оваа борба да продолжи. Јас сум воин. Противникот покажа одличен бокс, но ќе се вратам уште посилен. И ќе го докажам тоа сè на сите, изјави Вајлдер.

Американецот ноќеска во Лас Вегас загуби во седмата рунда со технички нокаут и му ја препушти на Фјури титулата во ВБЦ верзијата тешка категорија.

Вајлдер по мечот завршил во болница, најверојатно на проверки, па не се појави на прес конференцијата.

Треба да знаете
Последни објави