Search

Ваучери за младите во вредност од 12 милиони евра

– Владата во рамки на третиот пакет економски мерки за директна поддршка на граѓаните и стопанстовто  во периодот на вонредна состојба  предвиде доделување на три типа парична  поддршка односно ваучери за  средношколци, студенти и за млади до 29 години за да се обезбеди нивната кукповна моќ како придонес кон студентскот  и ученичкиот стандард и со фокус  на развојот на дигиталните и ИТ вештини.

Според проценките, информира на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми, помошта е во вредност од 12 милиони евра, а ќе ја добијат околу 100 илјади корисници и тоа јуни или најдоцна во јули.

Првиот тип на ваучер со еднократен максимален  износ до 6.000 денари и ќе се доделува на студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат исклучиво за покривање партиципација за студирање на универзитетите  и за сместување во ученички домоври, студентски домови и во регистрирани  приватни сместувачки капацитети.

Вториот тип поддршка е домашна платежна  картичка со расположлив износ од три илјади денари која ќе биде наменета  за студентите и ќе се користи  исклчиво за купување на домашни  производи и услуги  во одредени услужни дејности  кои с енајпогодени од кризата.

И третиот тип на ваучер до максимален износ до 30.000 денари е наменет за млади до 29 години  за кофинансирање на обуки  тренинзи и курсеви  за ИТ и дигитални вештини.

– МОН како институција задолжена за  координација и имплементација  на мерката заедно со кабинетот на  Влаата, Агенцијата за млади и спорт  и ГС, веднаш  пристапуваат кон разработка и дефинирање  на конкретен оперативен план  со цел успешно спроведување  на тоа што е усвоено како заклучок, младите да ја добијат оваа паричн аподдршка  во јуни односно најдоцна до крајот на  месец јули, рече министерот Адеми.

Најави дека за тоа што ќе биде подготвено за конкретно  во следните денови јавноста навремено ќе биде запознаена  од аспект на тоа како и на кој начин ќе се аплицира   за добивање на овие ваучери.

Треба да знаете
Последни објави