Search

Ватсап не функционира во многу делови на светот

Социјалната мрежа Ватсап не функционира во многу делови на светот, што доведе до проблеми во комуникацијата меѓу нејзините корисници, објави „Индипендент”.

Проблемот е пријавен на различни оперативни системи, кои ги вклучува и Ајфон и Андроид.

Според „Индипендент”, корисниците се пожалиле дека не можат да праќаат пораки, ниту да ја вчитаат апликацијата.

Меѓутоа, како што се наведува, најверојатно проблемот не влијае кај секој корисник на мрежата, односно некои успеале да пристапат на апликацијата преку телефон и веб-сајт.

Треба да знаете
Последни објави