Search

Васоски: Повредени се правилата на фудбалската игра

Вардар загуби на гостувањето во Струга кај истоимениот прволигаш (2:1) во 14. коло, но остана на лидерскта позиција. Поразот ги боли „црвено-црните“ посебно, бидејќи судиската тројка од Струмица, предовдена од Васко Мавров во 37 минута, наместо пенал при водство на стружани од 1:0, пресуди недозволена позиција, кога Цветановски беше покосен од домашниот голман Ѓуриќ.

Со ваквата судиска одлука неможеше да се помири ниту шефот на стручниот штасб Александар васоски, кој поради приговорите по паузата во второто полувремето не му беше дозволено да се врати на клупата, туку беше испратен на трибините.

– Нашите прилики ги имавме и не ги искористивме на почетокот од натпреварот. Два зицери не реализираме потоа примаме погодок по наша грешка. Ќе видиме како испадна тоа и ќе анализираме. Јас би се навратил на една ситуација кога место пенал за нас и црвен картон за домашниот голман судиите досудуваат офсајд. Повредени се правилата на фудбалска игра и незнам зошто не се судат вакви евидетни работи. Комплетно ќе се сменеше текот на играта. Нема да дозволиме да не дестабилизира поразот во Струга, порача Васоски по мечот.

Треба да знаете
Последни објави