Search

Васоски можен наследник на Канатларовски на клупата кај репрезентацијата до 21 година

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во јуни ги очекува двата завршни натпревари во евроквалификациите, по кои може да добие нов селектор. Актуелниот македонски селектор Драган Канатларовски можно е да биде заменет со Александар Васоски, кој ваквата рокада ја најави во интервју за босанските медиуми.

– Во преговори сум со два клуба. Едниот е од Македонија, и е моќен, а вториот е од странство. Исто така, има опција и да ја преземам македонската репрезентација до 21 година, изјави Васоски, во интервју за порталот „Репрезентација.ба”.

Васоски, кој претходно овој месец ја напушти клупата на босанскиот прволигаш Сараево, најави дека одлуката за својот следен ангажман ќе ја донесе „овие денови”.

Треба да знаете
Последни објави