Search

Васоски: Добро е што почнаа и другите играчи да погодуваат

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар победнички го почна пролетниот дел и тоа против незгодниот градски ривал Македонија ЃП (3:1), против кого во првите две пресметки од прволигашката сезона немаше триумф. Вардар не блескаше, но беше рационален. Без својот прв стрелец Даниел Аврамовски, „црвено-црните“ постигнаа три гола, а во листата на стрелците се запишаа Жуниор, Џемал Ибиши и Матеј Цветановски. Тоа е она што ја прави сликата комплетна за тренерот Александар Васоски.

-Ме радува кога имаме повеќе стрелци во тимот. Добро  е што почнаа у другите играчи да погодуваат. Аврамовски е добрар играч ќе даде уште десетина гола. Но, треба и другите во некои ситуации да знаат да ја погодуваат противничката мрежа, за да не чекаме само еден играч да го прави тоа. На секој меч создаваме по најмалку пет-шест шанси, ако имаме 50 отсто реализација, ние сме на добр пат да ја остацвриме целта. Сакам да играме напаѓачки зашто Вардар како клуб тоа го бара. Не сакам да чуваме резултат. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри, вели  Васоски.

Треба да знаете
Последни објави