Search

Васил Гарванлиев останува претставник на Македонија за Евровизија и годинава

Со оглед на непредвидливата состојба со корона вирусот, а со цел да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено одвивање на натпреварот дури и ако се неопходни промени во последен момент.

Македонската радио телевизија одлучи минатогодишниот претставник Васил Гарванлиев и годинава да ја претставува Северна Македонија на Евровизија 2021. Одлуката е донесена според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава.

Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа поради светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу.

Четириесет и една земја веќе се подготвуваат за Евровизија 2021, за која се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18, 20 и 22 мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година.

Со оглед на непредвидливата состојба со корона вирусот, а со цел да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено одвивање на натпреварот дури и ако се неопходни промени во последен момент. Тоа може да подразбира одржување на шоу со примена на протоколи за социјална дистанца и лимитиран број на публика, интернационален прес и членови на делегациите…

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави